Македонија Ѓ.П прва контролка за Тетекс во зимските подготовки

Екипата на Македонија Ѓорче Петров е првиот противник на Тетекс на пријателските натпревари од подготовките за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ – Запад. Како што најавивме пред неколку дена, натпреварот ќе се игра на 09.02 (утре) со почеток во 13 часот, на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид.
После интензивните припреми по два тренинга на ден на нешто помалце од еден месец пред почеток, започнуваат пријателските средби со цел тимот да се подготви освен физички и на тактичко – технички план, да се темпира формата и да се воигра тимот во пресрет на првенството кое следи. Ѓорче е екипа која што е во нашиот ранг на натпреварување и претендира како главен конкурент за влез во првата лига, така што натпреварот ќе биде вистински испит за фудбалерите на Тетекс. За Македонија Ѓ.П настапуваат дури 9 бивши фудбалери на Тетекс – Димовски, Блажевски, Стојковски, Колеќески, Божиновски, Настевски, Петров и Браќата Христови.

Шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела поради повреда нема да може да смета на Дино Најдоски и Тони Брњарчевски кој извесен период нема да бида на располагање.

Во тимот се наоѓаат неколку фудбалери кој се на проба, така да во текот на натпреварот најверојатно ќе влезат во игра да се докажат што знаат и умеаат.

Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.