Подготовки

Тетекс договори три пријателски натпревари, и ќе настапи на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров”

Нашата гордост Тетекс после интензивните физички припреми од оваа недела почнува и со пријателски натпревари за клубот да почне со воигрување на тимот и со припреми на тактичко – технички план.

Текстилци ќе „отворат“ на 9-ти фебруари со меч против Македонија Ѓорче Петров во Охрид, екипа која што е во нашиот ранг на натпреварување и претендира како главен конкурент за влез во првата лига, така што натпреварот ќе биде вистински испит за нашата екипа. Вториот тест е три дена подоцна против третолигашот Генч Калемлер во Тетово, а потоа на 18-ти ќе се одмерат силите на гостински терен со КФГ Гостивар.

Фудбалскиот клуб Тетекс со огромна чест ја прифати понудата да учествува на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров” на 25-ти во Кавадарци.