Вести

Шиш се збогуваше од ФК Тетекс

После заминувањето на чуварот на мрежата Саљадин Мустафи кој што премина во редовите на Шкендија и напаѓачот Марио Становски кој што после позајмицата се врати во Работнички, трет играч кој што го напушта клубот е дефанзивецот Даниел Јовановски – Шиш кој што најави крај на неговата фудбалска кариера.

„Поради малерите кој ги имав со повредите, решив да ставам крај на мојата фудбалска кариера.
Никој никогаш ниту можел да го замени, ниту го заменил Тетекс во моето срце кое до крајот на животот ќе чука за овој клуб, чест и задоволство ми беше да бидем дел од Тетекс.
Воедно сакам да им се заблагодарам на сите кои сите овие изминати години беа со мене, да им се заблагодарам на „Војводите“ и да ги повикам и понатаму да бидат секогаш со Тетекс. Искрено верувам дека Тетекс ќе избори опстанок оваа сезона и од наредна сезона ќе се бори за влез во Прва лига”, изјави Јовановски за Напред Тетекс.