Вести

Најдоски се повреди, ги пропушта дел од подготовките

Дино Најдоски ,,столбот во одбраната” заработи повреда и нема да може да му биде на располагање на шефот Јаковљевиќ. Во првиот дел од првенството, Најдоски имаше проблеми со кичмата каде што неколку недели паузираше. Првите информации велат дека од зелениот терен ќе биде отсутен околу 2-3 недели, наскоро после деталните прегледи ќе се знае колку точно ќе мора да одсуствува.
Најискрено се надеваме дека не се работи за сериозна повреда и дека брзо ќе се врати во дресот на Тетекс.