Вести

Тетекс почна да го крои штофот за опстанок

Тетовските-бели денеска го одработија првиот тренинг од 14 часот на стариот стадион во Тетово, со тоа и официјално започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Запад. Како што изјави новиот шеф на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела целта на Тетекс оваа година ќе биде опстанок во лига, со оглед дека се наоѓаме на осмото место на табела. Пред почетокот на подготовките, стручниот штаб и раководството на нашиот тим им посака на фудбалерите добри подготовки, многу среќа и успех во овој подготвителен период, како и во натпреварите низ пролетниот дел од сезоната. Според планот на подготовките, фудбалерите ќе работат во Тетово и најпрво една недела ќе започнат со физички припреми а потоа и со неколку пријателски натпревари со цел активирање на формата и воигрување на тимот за екипата да биде подготвена и на тактичко – технички план.

Тетекс нема да може да смета на неколку играчи што оваа есен го носеја дресот на Тетекс и официјално се заминати од клубот, а тоа се чуварот на мрежата Саљадин Мустафи кој потпиша за Шкендија и позајмениот напаѓач Марио Станковски во Работнички, на истите воедно им се заблагодаруваме и им посакуваме се најдобро во понатамошната фудбалска кариера.

Од ФК Тетекс најавуваат уште неколку засилувања, кој што заедно со оние кој што останаа да ги бранат боите на клубот ќе го носат товарот на Тетекс во пролетниот дел од сезоната. Се надеваме на многу радосни моменти оваа пролет, се надеваме на полна трибина и голема поддршка на нашите навивачи на нашите Војводи и на сите Тетовчани, за да ја оствариме нашата цел а тоа е опстанок во ВМФЛ.