Тетекс доби нов спонзор, денес стартуваат подготовките!!

Екипата на ФК Тетекс од денеска ,,конечно” ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Запад.

По кратки преговори на старото раководство со новото се постигна брз договор во интерес на клубот, се докажа дека пред се во прашање е клубот и дека сите заедно со здружени сили ќе се бориме Тетекс да се избори за опстанок во лигата.

ВОЕДНО ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ НИВ, КОЈ МУ ПОМАГААТ И ПРЕДХОДНО МУ ПОМАГАЛЕ!!!

Првата прозивка ќе биде одржана на стариот стадион во Тетово од 13 часот и 30 минути. Според нашите информации, играчкиот кадар останува 90% истиот од есенскиот дел, а од клубот си заминаа голманот Саљадин Мустафи во Шкендија и позајмениот напаѓач Марио Станковски во Работнички, на истите воедно им се заблагодаруваме и им посакуваме се најдобро во нивните нови клубови. Од друга страна се најавува дека во овој зимски преоден рок клубот ќе се засили со неколку квалитетни и искусни фудбалери.