Ретроспектива: ФК Тетекс во 2017-та година

Првиот дел или полусезоната во втората македонска фудбалска лига – Запад е далеку зад нас. Поради револт и разочарување од челниците на клубот еден кус период нашиот веб сајт не беше активен, наше сега е на крај на годината да ја дадеме нашата анализа, извештај и видување за целиот есенски дел но сепак оставивме да помине некое време за да можеме непристрасно и со ладни глави да го дадеме нашето ,,скромно” гледиште.

Да почнеме од самиот почеток, Тетекс навремено ги започна летните подготовки, управата вети дека се што се случуваше минатата сезона ќе биде во заборав а тимот успеа да го задржи играчкиот кадар од прошлата сезона и да донесе неколку засилувања како Иво Јанакиевски од ФК Металург, Меритон Салији и Саљадин Мустафи од ФК Ренова, Мирослав Јованоски од ФК Брегалница, Марио Станковски како и повратникот Енис Дервиши од ФК Работнички. Единствени кој што во летниот дел го напуштија клубот беа супер-талентираниот чувар на мрежата Беким Реџепи во ФК Шкендија и младиот центарфор Кристијан Апостоловски во ФК Скопје.

Нашиот Тетекс активно во Тетово и тетовско ги оддржуваше тренинзите каде што екипата се спремаше прво на физички припреми а потоа и на тактичко – технички план а за воигрување на тимот клубот успеа да организира и неколку пријателски натпревари против Лирија од Косово, Младинската школа на ФК Работнички, ФК Македонија Ѓорче Петров, КФГ Гостивар, ФК Локомотива, ФК Генч Калемлер и ФК Ренова исходот од овие натпревари беше катастрофален 1 победа, 1 нерешена и 5 порази.

Сезоната започна Тетекс играше доста променливо како да имаше два клуба кој се натпреваруваа оваа сезона едниот кој играше доста солидно и борбено на домашен терен физичко и тактичко – технички спремен и ефикасен но и еден кој што неможеше никако се до последното коло да го скрши мразот и да извлече поволен резултат на гостински терен без никаква идеја и реализација а туку главната вина ја гледаме кај шефот на стручниот штаб Ивица Јованоски – Ике и дефанизивната игра која ја применуваше без класичен шпиц со повеќе фудбалери во дефанзива за да се извлече нерешен резултат но тоа не вроди со плод потоа клубот влезе во една криза и серија на лоши резултати од пет натпревари без победа односни четири порази и еден нерешен резултат се до последното коло кога успеавме да го ,,скршиме мразот” на гостински терен.

После 14 одиграни кола Тетекс успеа да ги совлада ФК Зајази, ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Локомотива и на два пати екипата на ЗФК Новаци да извлечеме нерешено со ФК Лабуништа и да бидеме поразени на два пати од КФГ Гостивар односно ФК Еуромилк и порази од ФК Струга Трим Лум, ФК Зајази, ФК Велазерими 77 и ФК Лабуништа така што финалниот исход на есенскиот дел да биде 5 победи, 1 нерешена и 8 порази односно 16 бодови и осма позиција на табелата.

Сепак на крај на есенскиот дел со големо разочарување можеме да кажеме дека ФК Тетекс не ги исполни нашите очекувања осмото место на табелата неможе во никој случај да не радува бидејќи не носи онаму каде што не би сакале да се најдеме ,а тоа е нова голгота од пролет и борба за опстанок бидејќи со измените на лигите оваа година минимум три екипи ќе испаднат од лигата, а тоа би го вклучило и Тетекс со моменталната состојба, сепак се надеваме на консолидирање на редовите, успешна пролет, искачување што е можно погоре на табелата и стабилен и мирен финиш.

Неможе да не ги спомнеме во оваа година и да ги заборавиме и огромните човечки загуби од поранешни легенди на клубот кој прерано го загубија својот живот. Најпрвин не напушти голманската легенда Душан Томиќ многу помлад во сообраќајна незгода не напушти Александар Димчески – Трска од навивачката група Војводи и Љубиша Љубо Павловиќ.
(ВЕЧНА ИМ СЛАВА)

Напред Тетекс будно ќе ги следи сите случувања во клубот и со најнови информации ќе ве известуваме во периодот што следи.