Тетекс против Академија П. во Куп-четвртфиналето

Прволигашот ФК Академија Пандев од Струмица е противникот на ФК Тетекс во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Ова е исходот после денешната ждрепка која се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Академија Пандев годинава влезе во ПМФЛ, а во минатата сезона финираше како шампион во ВМФЛ. Првиот натпревар се игра на 8-ми ноември во Тетово со почеток во 13 часот, додека реваншот, ако нема некои промени, ќе се игра на 29-ти ноември во Струмица.
Тетекс се пласираше во 1/4 финалето од Купот благодарение на победата во 1/8 финалето против тимот на Кожуф со 3-2 или со вкупен резултат од 5-4.