Најава

Кичево е утрешната дестинација на ,,текстилци“

Во рамките од 9-тото коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад, утре во 14 часот и 30 минути, Тетекс гостува на Градскиот стадион во Кичево и ќе ги одмери силите со првопласираната екипа на Велазерими.
Нашиот тим го очекува овој утрешен натпревар после две последователни победи во првенството против Локомотива (2-1) и Македонија Ѓорче Петров (1-0).
Во второлигашката конкуренција досега, овие два тима имаат одиграно петнаесет натпревари. Тетекс има седум победи и еден нерешено завршен меч, а тимот на Велазерими исто така има седум победи против нас.
,,Тетовските-бели“ постигнаа вкупно 24 голови, а од друга страна имаат примено 12 голови, а противникот има вкупно 11 постигнати погодоци. Во овој меѓусебни скор сме подобриот противник, но мора да потенцираме, дека се работи за доста квалитетна екипа која што на домашен терен оваа сезона нема ниту еден пораз и ниеден нерешен резултат.
Во нашиот тим владее одлична атмосфера и најавуваат дека утре ќе го вложат својот максимум и дека со бодови ќе се вратат од Кичево, така што очекуваме вистинска борба и достојно бранење на клубските бои како и на секој натпревар.
За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Бојан Ристески, а ќе му помагаат сограѓаните Зоран Костоски и Златко Митрески и четврти судија ќе биде Влатко Илиоски сите од Прилеп. За делегат на натпреварот е одреден Николче Ивановски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев од Штип.
Поради повреда за утрешниот натпревар не са повикани, Мирослав Јованоски и Даниел Јовановски.
После една неделна пауза поради повреда во тимот се враќа ,,шефот во одбраната” Дино Најдоски.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.