Нашата гордост Тетекс денеска во голем стил со уште една победа во реванш натпреварот го елиминира Кожуф од Гевгелија во осминафинале од Купот на Македонија со конечен резултат од 3-2. Првиот натпревар заврши 2-2 и со денешниот резултат Тетекс оди со вкупен резултат од 5-4 во следната рунда и е првиот четвртфиналист во Купот на Македонија. Нашиот тим уште од самиот старт на натпреварот со напаѓачки стил им покажаа на своите миленици дека посакуваат победа и ништо другo. Тетекс продолжи да напаѓа, и во 35-та минута дојде до гол кога Енис Дервиши со удар од 20-тина метри прецизно ја затресе противничката мрежа и го отвори резултатот за водство на екипата на Тетекс од 1-0. За кратко време поточно по пет минути од првиот гол, нашиот голгетер Марио Станковски од пенал успеа да го зголеми водството на 2-0.
Пред крај на првото полувреме во 45-тата минута Кожуф го намали резултатот на 2-1, и со овој резултат фудбалерите на двата тима заминаа на пауза. 
Во вториот дел од натпреварот фудбалерите на Тетекс влегоја во игра со зголемена мотивација, но за жал по едно невнимание на одбраната Кожуф во 66-тата минута го израмни резултатот на 2-2.
Победничкиот гол за Тетекс следуваше после само две минути од израмнувањето на Кожуф поточно во 68-та минута, од страна на брзоногиот Емир Азири.


12
Панчевски
5
Бафтијари
20
Савевски
8
Билбилоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
16
Абази
18
Азири
7
Салији
19
Ф. Јовановски
9
Станковски

Со оваа победа нашиот клуб се пласира во следната рунда и ќе игра на пролет во 2018-та година во четвртфиналето во Купот на Македонија.
Да напоменеме дека Тетекс во сабота ќе го одигра следниот натпревар и ќе му гостува на Велазерими во Кичево со почеток во 14 часот и 30 минути.

сподели ја статијата!

октомври 17, 2017