Денеска се одигра осмото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Запад каде што нашата гордост Тетекс на домашен терен ја пречека екипата на Македонија Ѓ.П и успеа да ја забележи четвртата победа оваа сезона овој пат со резултат од 1-0. Тетекс како и на секој натпревар на домашен терен така и на овој тргна офанзивно уште од стартот за да стигне рано до водство, сепак фудбалерите на Македонија Ѓ.П беа добро поставени и не оставаа многу простор за игра но сепак Тетекс успеа да дојде во водство преку десниот бек Енис Дервиши во 31-та минута кој со шут од околку 20-тина метри ја затресе мрежата на Боби Целески.
Тетекс после постигнатиот гол продолжи со напади, но Македонија Ѓ.П одлично се бранеше и преку контри ја чекаше шансата посериозно да се закани кон голот на Тетекс но сепак дефанзивната линија на Тетекс имаше одлична контрола над нападот на Ѓорче Петров.


1
Мустафи
16
Абази
8
Билбилоски
4
Најдоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
6
Николовски
18
Азири
10
Брњарчевски
17
Ш. Реџепи
9
Станковски

сподели ја статијата!

октомври 14, 2017