Најава

Најава: Тетекс – Македонија Ѓ.П

Утре нашата гордост Тетекс го игра осмото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Запад каде што на домашен терен на игралиштето на АМС ,,Спортски-центар” во 14 часот и 30 минути ќе ја пречекаме екипата на Македонија Ѓ.П. На Teтекс после победата над скопска Локомотива со 3-2 пред Тетовската публика му следува нов предизвик и доста поквалитетна екипа од предхотната.
Во меѓусебните пресметки од 2002-та година Тетекс има забележено 9 победи, а од друга страна два натпревари завршиле нерешено. Последен пат овие два тима играа годинава поточно месец Август пред стартот на новата сезона кога на гостински терен изгубивме со 3-2.
Во тимот поради повреда нема да бидат во комбинација Мирослав Јованоски, Даниел Јовановски и Томас Тасос.
За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеловски и четврти судија ќе биде Васко Мавров. За делегат на натпреварот е одреден Зоран Митковиќ од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

Од името на Напред Тетекс ве повикуваме утре сите да присуствувате на игралиштето на АМС ,,Спортски-центар” во 14 часот и 30 минути заедно да го бодриме нашиот Тетекс до нов успех, до нова победа.