Тетекс со пресврт ја ,,реши” скопска Локомотива

Тетекс славеше победа на домашен терен од 2-1 против Локомотива во рамките на 7-тото коло во Втората Македонска Фудбалска Лига – Западен регион.
Нашиот тим губеше на полувремето со 0-1 со играч повеќе, но драстично ја подобри играта во вториот дел и заслужено дојде до победата.

Извештај

Првата посериозна шанса за гол на фудбалерите на Тетекс ја имаше нашиот крилен напаѓач Филип Јовановски кој со глава удар се закани по голот на Локомотива, а неговиот обид беше спречен од голманот Ристо Јанков. Со идеална шанса за гол во 32-та минута се најде младиот шпиц на Тетекс Марио Станковски кој излезе сам очи во очи со голманот и наместо да ја смести топката во противничката мрежа, промаши чист гол.
Во 44-тата минута поради неспортско однесување фудбалерот на гостите, Денис Миленов заработи црвен картон.
Потоа следеше вистински шок за фановите на Тетекс, бидејќи Локомотива неочекувано дојде во водство од 0-1 со голот на Александар Стојановски.
Тетекс во 53-тата минута преку капитенот Марјан Билбилоски го израмни резултатот на 1-1.
Победничкиот гол за Тетекс дојде во самиот финиш на натпреварот и тоа во судиското продолжение, кога поради фаул над наш фудбалер во противничкиот шеснаесник од голманот Ристов кој веднаш беше исклучен од судијата кој покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше извонредниот Станковски. Во следното коло на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Македонија Ѓ.П.


1
Мустафи
16
Абази
8
Билбилоски
4
Најдоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
6
Николовски
19
Ф. Јовановски
10
Брњарчевски
17
Ш. Реџепи
9
Станковски