Најава

Најава: Струга Трим Лум – Тетекс

Нов натпревар и нов предизвик за екипата на ФК Тетекс. После победата во вонредното 5-то коло на домашен терен против екипата на ЗФК Новаци (4-2), следува гостување кај новиот второлигаш Струга Трим Лум и ќе се одигра во недела на Градскиот стадион во Струга со почеток во 15 часот. До сега во второлигашката конкуренција, овие два тима немаат одиграно ниту еден натпревар. Се работи за доста квалитетен тим кој се здоби со доста добри засилување пред стартот на новата сезона. Интересно е тоа што фудбалскиот тим на Струга се наоѓа на 3-тото место, од друга страна нашиот тим се наоѓа моментално на 6-тото и има девет погодоци и девет примени голови. Воопшто нема да биде лесно, затоа момци бидете максимално сконцентрирани и спремни за неделниот натпревар, дајте се од себе и освоијте ги трите бода. Од минатото коло, видовме дека нема фаворити во Втората лига – Запад и дека секој секого може да го победи. За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски и Ебрар Таравари од Гостивар, и четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево. За делегат на натпреварот е одреден Ветон Кранлиевски од Ресен, а контролор на судењето ќе биде Кире Ќулумовски исто од Ресен. 
Во тимот се враќаат Блашко Николовски и Енис Дервиши по заработените црвени картони на мечот со КФГ Гостивар.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.