Извештај: КФГ Гостивар – Тетекс (2:1)

Екипата на Тетекс го забележа третиот пораз оваа сезона, откако беше поразен со 2-1 на гостувањето во Гостивар, во рамките на 4-тото коло на Втората Македонска Фудбалска Лига – Западен регион. Нашите фудбалери одлично го отворија натпреварот, откако Меритон Салији уште во 2-рата минута донесе предност. Голманот на Гостивар, Александар Игески лошо реагираше и му ја подари топката на нашиот фудбалер, кој со одмерен удар го совлада домашниот голман. Сепак, во продолжение од мечот домашните ја презедоја иницијативата и во 24-тата минута израмнија на 1-1. Голманот на Тетекс, Саљадин Мустафи лошо интервенираше и ја испушти топката од раце, а тоа го искористи навалниот фудбалер на Гостивар, Ерсин Фетахи и од непосредна близина ја смести во мрежата на Тетекс. Поради повреда од игра во 33-тата минута излезе нашиот напаѓач Марио Станковски и наместо него влезе Ирфан Абази. Според нашите информации не се работи за посериозна повреда туку за истекнување на мускулот. Најдобрата можност за погодок и пресврт во првиот дел, фудбалерите на Тетекс ја имаа преку Иво Јанакиевски, кој со удар од далечина ја погоди само рамката од голот на домаќините. Во второто полувреме Тетекс се фрли се на една карта, а тоа е да го сочува ремито и со бод да се врати во Тетово. Бункерот пред голот на Мустафи издржа се до втората минута од судиското надополнување на времето, когај поранешниот фудбалер на Тетекс, Бобан Мариќ успеа да погоди во голот на Тетекс и да донесе победа за домашната екипата. Важно да се истакне за овој натпревар е дека фудбалерите на Тетекс заработија два црвени картони, и двата поради втор жолт картон. Најпрво поцрвене Блашко Николовски во 85-тата минута, а потоа и Енис Дервиши во 93-тата минута. После тешката повреда која ја имаше старо-новото засилување на Тетекс, Мирослав Јованоски конечно се врати на зелениот терен и одигра доста солидна партија.


1
Мустафи
20
Савевски
8
Билбилоски
4
Најдоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
6
Николовски
18
Азири
7
Салији
19
Ф. Јовановски
9
Станковски

На овој натпревар по кој знае кој пат се покажа дека дефанзивната игра која ја практикува Шефот на стручниот штаб, Ивица-Ике Јованоски не дава резултати. И кој знае по кој пат наместо Тетекс да се брани со атак кон противничкиот гол, губи бодови во последните моменти од натпреварот. Тетекс после четири натпревари во новата сезона има само три бодови и се наоѓа на 8-та позиција на табелата, која носи испаѓање од лигата. Затоа, раководството на клубот потребно е да реагира навремено и да го спречи ова тонење на резултатски план и да назначи нов Шеф на струката. Според играта прикажана на теренот, но и големата недисциплина, очигледно е дека во пакет со тренерот треба да си заминат и некои играчи кои не заслужуваат да го носат дресот на Тетекс. Се надеваме дека раководството на клубот ќе реагира на време и веќе на дуелот против Новаци во вторник на домашен терен, Тетекс од клупата ќе биде предводен од нов Шеф на стручниот штаб, кој ќе биде далеку постручен и поквалитетен од досегашниов.