Најава

Гостивар е денешната дестинација на ,,текстилци“

Во рамките од четвртото коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад, денес во 15 часот и 30 минути Тетекс гостува на Градскиот стадион во Гостивар, и ќе ги одмери силите со екипата на КФГ Гостивар.
Нашиот тим го очекува овој утрешен натпревар после две последователни порази во првенството против Лабуништа (1-0) и Еуромилк (1-2).
До сега во второлигашката конкуренција, овие два тима имаат одиграно три натпревари. Тетекс има две победи и еден меч заврши нерешено, а тимот на КФГ Гостивар има само еден обезбеден триумф. „Тетовските-бели“ постигнаа два, а противникот четири гола.
Последен пат овие два тима играа годинава поточно месец Август пред стартот на новата сезона кога на гостински терен изгубивме со 1-0, а единствениот стрелец на натпреварот беше Башким Лама.
Интересно е тоа што фудбалскиот тим Гостивар се наоѓа на првото место и на последните три меча од првенството, постигна шест погодоци и примија два гола, од друга страна нашиот тим кој се наоѓа моментално на осмата позиција има четири погодоци и пет примени голови.
После поразот во првенството на домашен терен од Еуромилк, овој натпревар ќе биде од големо значење за нашиот клуб бидејќи со позитивен резултат ќе се врати самодовербата во тимот на највисоко ниво. Во тимот владее одлична атмосфера и најавуваат дека денес ќе го “вложат” својот максимум и дека со бодови ќе се вратат од Гостивар, така што очекуваме вистинска борба и достојно бранење на клубските бои како и на секој натпревар.
За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Никола Костенчев, а ќе му помагаат сограѓаните Бранко Путилин и Горан Милошевски од Скопје, и четврти судија ќе биде Христијан Божиновски од Скопје. За делегат на натпреварот е одреден Рами Реџепи од Липково (кумановско), а контролор на судењето ќе биде Ванче Камчев од Штип.
Шефот на стручниот штаб предводен од Ивица-Ике Јованоски, нема да може да смета на Тони Брњарчевски, Даниел Јовановски и Томас Тасос кој се повредени а во комбинација нема да биде и младиот крилен напаѓач Шериф Реџепи кој што во второто коло поради неспортско однесување заработи црвен картон и суспензија од три натпревари. Добри вести са што после тешката повреда и рехабилитација во тимот се враќа Мирослав Јованоски.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

ИН МЕМОРИАМ:
Тажна вест, вчера на тренинг на клубот починал фудбалскиот тренер Љубиша-Љубо Павловиќ (60 год). Тој е поранешен фудбалер и тренер на ФК Љуботен 1919, а во последните 15 години работеше како тренер во пионерско-младинската школа на фудбалскиот клуб Тетекс.
Павловиќ вчера го одржал претпладневниот тренинг со своите фудбалери, а ненадејно починал држејќи го тренингот во попладневниот термин, на старото фудбалско игралиште во Тетово.

ПОЧИВАЈ ВО МИР ЉУБО!!!