Младите надежи на нашата гордост Тетекс во рамките од 3-тото коло од младинската категорија во Втората лига со пресврт во вториот дел дојдоја до посакуваната победа и се вратија за Тетово со трите бода. Екипата на Тетекс одигра интересен и возбудлив натпревар која беше предводена од страна на шефот на стручниот штаб, Љубиша Павловиќ. На почетокот нашата екипа губеше со 1-0, па во вториот дел со голот на Нухи Ибраими израмнија на 1-1.
Победничкиот гол за 1-2 го постигна извонредниот Аган Фетиши. Мора да напоменеме дека нашиот тим во вториот дел беше апсолутно подобар противник, бидејќи нашите фудбалери тотално доминираа на терен во вториот дел и заслужено ја свртеа играта во наша корист и си заминаа од Охрид со минимална победа од 1-2.
Со денешната победа Тетекс се наоѓа на 6-тото место на табелата со две победи и еден пораз. Нареденниот меч во вонредното 4-то коло е закажан за во четврток, и ќе го одиграме со Брегалница во Штип.


1
Петровски
3
Веселиноски
6
Лума
5
М. Ибраими
2
Исмаили
4
Аризанкоски
8
Н. Ибраими
7
Д. Трпески
10
Фетиши
9
А. Трпевски
11
Грозданоски

сподели ја статијата!

септември 17, 2017