Нашата гордост Тетекс го доживеа вториот пораз во новата сезона од втората Македонска фудбалска лига – Запад, откако во третото коло загуби на фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово од Еуромилк Горно Лисиче со 1-2. Поразот дојде во последните моменти, кога гостите стигна до победнички гол преку Спиркоски кој излезе сам очи во очи и го изненади Борјан Панчевски, тресејќи ја мрежата. Тетекс беше достоен противник на гостинот, дури можеме да кажеме дека во првото полувреме и подобар тим денеска, но мора да земеме во предвид дека игравме со доста помлад тим поради неколку фактори. Тетекс дојде во водство уште во 17-тата минута, кога еден наш играч ја нафрли топката во протинивчкиот шеснаесетник, тогаш во трк влезе талентираниот Марио Станковски и со глава ја затресе мрежата на Мирза Дураковиќ. Нашиот тим во првиот дел беше дефинитивно подобриот противник и со овој резултат од 1-0 си замина во соблекувалните, но Еуромилк се врати резултатски во игра 48-та минута, кога Бурхан Алији постигна убав гол за израмнување на 1-1. Пред крај на натпреварот поточно во 83-тата следеше шок за фановите на Тетекс, кога по една мешаница во шеснаесетникот, Благоја Спиркоски се одлучи на шут од 10-тина метри и го изненади Панчевски за победа на Еуромилк на овој меч.
Во игра од клупа влегоја Тони Брњарчевски, Аган Фетиши и Исак Џелили.
Се надеваме дека овој пораз нема да влијае на позитивната атмосфера која што владее во тимот бидејќи веќе на 23.09 (сабота) Тетекс гостува во Гостивар каде што за противник ќе ја имаме екипата на КФГ Гостивар.


12
Панчевски
21
Ф. Реџепи
5
Бафтијари
3
Здравковски
11
Дервиши
6
Николовски
22
Петровски
16
Салији
23
Д. Трпески
19
Ф. Јовановски
9
Станковски

сподели ја статијата!

септември 16, 2017