Најава

Најава: Тетекс – Еуромилк ГЛ

Утре нашиот омилен фудбалски клуб Тетекс од 15 часот и 30 минути на фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово го започнува дуелот од 3-тото коло против екипата на Еуромилк од Горно Лисиче. Гостите се наоѓаат во долниот дел на табелата, а нашиот Тетекс на четвртата позиција па затоа се очекува тежок противник и борба за освојување на трите бодови. Инаку да кажеме дека во досегашните средби Тетекс има четири победи, а три натпревари завршиле нерешено.
За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Воислав Истатов, а ќе му помагаат сограѓаните Киро Нистров и Стојан Костадинов од Струмица, и четврти судија ќе биде Игор Иванов од Велес. За делегат на натпреварот е одреден Тони Николовски од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Јордан Гицов од Кочани.
Поради “болница на повредени фудбалери” ќе има промени во составот и шефот на стручниот штаб Ивица-Ике Јованоски нема да може да смета на Дино Најдоски, Томас Тасос, Игор Савевски, Даниел Јовановски и Мирослав Јованоски новото засилување кој се опоравува од тешката повреда, така што Тетекс ќе биде значително ослабен и принуден да игра со дел од младинската школа.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.