Извештај

Тетекс прокоцка победа во финишот

Денеска се одигра првиот од двата натревари од 1/8 финале, помеѓу екипите на Кожуф и Тетекс, на овој натревар домаќин беше тимот на Кожуф. Можеме да кажеме дека Тетекс прокоцка водство од 0-2 кое го имаше до пред крајот на мечот поточно до 93-тата минута но за жал Кожуф успеа да го израмни резултатот на 2-2, сепак и овој резултат ветува средба пред реванш која е предвидена на 18.10 (вторник) на домашен терен на игралиштето на АМС. Првиот погодок за Тетекс (0-1) го постигна Марио Станковски во 10-та минута и со овој резултат си замина во соблекувалните. Нашата 14-ка Иво Јанакиевски ја затресе мрежата на Кожуф во 67-та минута и го зголеми резултатот на 0-2. Потоа следеше вистиснки шок за навивачите на Тетекс кој никој од нашите фанови не го очекуваше, Раде Ристенски во 85-тата минута ја намали разликата на 1-2, потоа во самиот финиш во 93-тата Томче Гроздановски го израмни резултатот на 2-2.
Во игра од клупа влегоја Нинослав Здравковски, Меритон Салији и Фатон Реџепи.
Следниот натпревар во рамките од третото коло Тетекс во сабота ќе го дочека на домашен терен тимот на Еуромилк.


1
Мустафи
20
Савевски
8
Билбилоски
4
Најдоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
6
Николовски
18
Азири
10
Брњарчевски
19
Ф. Јовановски
9
Станковски