Најава: Кожуф – Тетекс

Утре на програмата е првиот натпревар од 1/8 финалето од Купот на Македонија, нашата гордост после поразот од Лабуништа во Струга за противник го доби Кожуф од Гевгелија. Натпреварот ќе се одигра во 15 часот и 30 минути на Градски стадион во Гевгелија. За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Петар Мантев од Неготино, а ќе му помагаат Илија Гонев и Драган Трпчевски од Кавадарци, и четврти судија ќе биде Стојанче Трпчевски кој исто така е од Кавадарци. За делегат на натпреварот е одреден Бранко Богатинов од Кочани, а контролор на судењето ќе биде Зоран Бојанинов од Скопје.
Екипата на Тетекс во минатото поточно во 2014-та година го „декласираше“ Кожуф со 5-0 и се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија. Иако нашиот состав е поквалитетен и поискусен, мора да земеме во предвид дека се работи за добар тим создаден дел фудбалери од Гевгелија. После несреќниот пораз во саботата против Лабуништа со резултат од 1-0, Тетекс мора да ја поправи грешката од тој меч и да ги искористи сите шанси за гол, бидејќи секој гол ќе биде златен за реваншот во Тетово.
Шефот на стручниот штаб Ивица-Ике Јованоски нема да ги има во состав Даниел Јовановски, Мирослав Јованоски, Томас Тасос и Шериф Реџепи кој во последниот натпревар заработи црвен картон.