Нашата гордост Тетекс е поразена со 0-1 од тимот на Лабуништа 2011 во третото коло од ВМФЛ (запад).
Во текот на целиот натревар нашите фудбалери беа далеку подобар противник, но за жал таквиот однос на силите не беше награден со погодок. Казната за нереализираните шанси стигна во првиот дел поточно во 20-тата минута. Стрелец на единствениот гол за домаќинот беше Методија Милевски. Ваквата игра може само да не охрабри да продолжиме и да се надеваме на позитивен резултат во следниот натпревар против Кожуф (среда) во осминафиналето од Купот на Македонија.
Поради неспортско однесување судијата на Шериф Реџепи му додели црвен картон.
Во игра од клупа влегоја Меритон Салији, Филип Јовановски и Марио Станковски.


1
Мустафи
5
Бафтијари
20
Савевски
4
Најдоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
6
Николовски
18
Азири
10
Брњарчевски
17
Ш. Реџепи
8
Билбилоски

сподели ја статијата!

септември 10, 2017