Најава: Лабуништа 2011 – Тетекс

Тетекс во сабота (утре) со почеток во 16 часот, ќе гостува на Градскиот стадион во Струга каде во рамките на второто коло од Втората фудбалска лига на Македонија – Запад ќе го одигра натпреварот против ФК Лабуништа 2011. За овој натревар одредени се официјалните лица, при што главен судија ќе биде Благојче Ралевски, а ќе му помагаат сограѓаните од Битола, Злате Лозаноски, Петар Степановски, и четврти судија ќе биде Дени Лековски кој исто така е од Битола. За делегат на натпреварот е одреден Арсо Здравески од Македонски брод, а контролор на судењето ќе биде Кире Ќулумовски од Ресен. Нашиот тим ја искористи паузата поради репрезентативните настапи на сениорската и младата селекција на Македонија, и одигра два контролни натпревари, од кој првиот од двата натревари го изигравме со Генч Калемлер каде изгубивме со 0-2, а пак вториот меч беше против Ренова и заврши нерешено со резултат од 1-1. Фудбалерите на Тетекс покажаа дека имаат доста квалитет и дека можаат да се носат со секој тим, како на секој натпревар што одиме на победа така и во Струга одиме со желба да се освојат трите бода за искачување погоре на табелата. Противникот во секој случај не е за подценување бидејќи располагаат со добри фудбалери, затоа бараме од нашите фудбалери да го дадат својот максимум и да се вратат со победа во Тетово.
Поради повреди шефот на стручниот штаб Ивица – Ике Јованоски нема да ги има во состав Даниел Јовановски, Мирослав Јованоски и Томас Тасос.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

Воедно ја користиме оваа прилика на сите граѓани на Република Македонија да им го честитаме празникот 8-ми септември, 26-години суверена и независна држава Македонија.