Тетекс ремизираше со Ренова (1-1)

Екипата на Тетекс денеска не успеа да слави на контролниот натпревар во Порој против прволигашот Ренова кој беше одигран за време на паузата во првенство поради репрезентативни настапи на Македонија. Нашиот тим имаше предност од 1-0 до 66-тата минута на дуелот, но ,,гипсарите” успеаја да стигнат до израмнување за конечни 1-1.
Во првото полувреме Тетекс имаше неколку прилики да дојде во водство, првата шанса за гол ја имаше Иво Јанакиевски кој упати силен шут но топката заврши покрај гол, а најзрелата шанса за гол во првиот дел ја имаше талентираниот Шериф Реџепи во 35-тата минута кој се најде во казнетиот простор на Ренова и упати шут кон голманот Велии, но за жал топката заврши над голот. Нашиот тим дојде во водвство од 1-0 дури во 53-тата кога еден играч на противниците ја допре топката со рака во недозволениот простор, тогаш без многу размислување судијата покажа на белата точка каде што прецизно погоди 10-ката Тони Брњарчевски, од друга страна пак во 66-тата минута судијата по грешка им подари (не) постоички пенал на Ренова, и со тоа тие ја искористија шансата да го израмнат резултатот преку ново влезениот Нафиу. Три минути подоцна имаше уште една спорна ситуација, каде во шеснаесетникот на Ренова беше фаулиран брзоногиот Филип Јовановски, но судијата не покажа на белата точка за Тетекс. Во игра од клупа влегоја голманот Панчевски, Ф. Реџепи, Здравковски, Салији, Абази, Ф. Јовановски и Д. Трпески. За крај можеме да кажеме дека Тетекс во сите 90 минути му беше достоен противник на Ренова можеби и подобриот тим, како и да е на крај ,,штофарите” си заминаа со поволен резултат од 1-1 за Тетово.
Наредна недела Тетекс ќе му гостува на Лабуништа 2011 во второ коло од првенството.


Мустафи
Бафтијари
Савевски
Најдоски
Дервиши
Јанакиевски
Брњарчевски
Николовски
Азири
Ш. Реџепи
Билбилоски