Тетекс вчера на стадионот во општина Брвеница го одигра првиот од двата пријателски натпревари кој треба да ги одигра овој викенд. Тетекс го загуби натпреварот од Генч Калемлер со конечен резултат од 0-2. Натпреварот помина без многу борба и без многу прилики за гол, се одеше од топка за топка и се играше повеќе тактички. Нашиот тим во првиот дел имаше само една сериозна шанса за гол преку Томас Тасос кој самиот излезе очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да ја смести топката во мрежа. Головите што ги постигнаа гостите паднаа во вториот дел од натпреварот по наивни грешки на одбраната на Тетекс. После првиот примен гол ,,штофарите” пробаа да се вратат во игра, а одлични прилики за гол му се укажаа на нашето ново засилување од Ренова Меритон Салији кој со удари од далечина на 2-3 пати успеа да се закани кон противничкиот гол но за жал не успеа да реализира. После неискористените шанси Генч Калемлер го зголеми резултатот и само ја запечати победата од 0-2. Во игра од клупа влегоја Аризанкоски, А. Трпевски и Ш. Реџепи.
Шефот на стручниот штаб Ивица-Ике Јованоски реши да излезе со комбиниран тим и со голем дел од младинскиот погон на Тетекс. После одработениот тренинг пред натпреварот стратегот ги повлече дел од првотимците, кој што вчера не го одиграа натпреварот но се очекува да настапат денеска на пријателскиот натпревар против Ренова кој ќе се одигра на стадионот во Порој со почеток во 16 часот.


Панчевски
Ф. Реџепи
Бафтијари
Здравковски
Џелили
Салији
Петровски
Абази
Ф. Јовановски
Тасос
Д. Трпески

сподели ја статијата!

септември 3, 2017