Второлигашот од исток ФК Кожуф од Гевгелија е противник на Тетекс во 1/8 финалето од Купот на Република Македонија. Ова е исходот после денешната ждрепка која се одржа во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија.
Кожуф влезе годинава во ВМФЛ, а во минатата сезона финираше како шампион во Третата лига – југ. Првиот натпревар се игра на 13-ти септември во Гевгелија со почеток во 15 часот и 30 минути, додека реваншот, ако нема некои промени, ќе се игра на 18 октомври во Тетово.
Тетекс се пласираше во 1/8 финалето од Купот благодарение на победата во 1/16 финалето против тимот на Хоризонт од Турново со 2-1.

сподели ја статијата!

септември 1, 2017