Најава

Тетекс на тест против Генч Калемлер

Утре (сабота) од 11 часот на стадионот во општина Брвеница e закажан пријателски натпревар против новајлијата во третата лига екипата на ФК Генч Калемлер Спорт од Долна Бањица (гостиварско) која е предводена од стратегот Бирол Топчиу. Нашата гордост Тетекс на овој натпревар ќе настапи со доста комбиниран состав од фудбалскиот помлладок на клубот, поради тоа што во недела (утредента) имаме уште еден пријателски натпревар против екипата на Ренова од Џепчиште кој ќе се одигра од 16 часот на стадионот во Порој и на тој натпревар нашиот тим ќе настапи со стандарниот состав па затоа шефот на стручниот штаб предводен од Ивица-Ике Јованоски се одлучил да ги одмори стандарните првотимци.