Интервју

(Ексклузивно) интервју со повратникот во Тетекс – Мики Јованоски

После две сезони пауза повторно ќе го носиш дресот на твојот матичен клуб.
Кои се твоите очекувања од враќањето во Тетекс?

Да точно после две години повторно ќе играм за мојот матичен клуб Тетекс. Моите очекувања прво се оваа сезона да бидеме многу подобри од лани за да не се бориме како лани до задно коло за опстанок.
Туку оваа сезона да се бориме за влез во прва лига.

Сепак, малку ќе почекаме за повторно да те видиме на зелениот терен во дресот на Тетекс.
Како оди рехабилитацијата и кога се очекува да се вратиш на фудбалските терени?

Да точно како што кажавте неможам да му помогнам на клубот од почетокот на сезоната, но рехабилитацијата оди во добра насока, почнав да работам со екипата и очекувам за 3-4 недели да почнам со натпревари.

Кои се твоите очекувања од оваа сезона?
Дали мислиш дека можеме повторно да го видиме Тетекс на старите патеки, да освојува трофеи и да игра во фудбалска европа?

Како што кажав претходно моите очекувања исто и на клубот се оваа сезона да се обидеме Тетекс да го вратиме во прва лига каде и што му доликува. Инаку како член на Тетекс сум бил дел од сите четири финалиња на купот на Македонија и на европските мечеви и мислим дека клубот оди во нагорна линија.
Ако продолжи така би требало еден ден пак да игра во Европа.