Вести

Силна контролка за Тетекс, во недела против Ренова

Нашата гордост Тетекс, паузата во првенството поради настапот на репрезентацијата на Македонија ќе ја искористи да одигра квалитетен пријателски натпревар против прволигашот Ренова. Дуелот ќе се одигра во недела, на 03.09 и за точната локација на одигрување на овој натпревар, дополнителни ќе бидете известени преку нашиот веб сајт.
Да напоменеме дека нашата гордост во неделата со победа против Зајази од 3-2 ја отвори сезоната во првото коло од втората Македонска фудбалска лига – Запад. Teтекс покажа и докажа дека оваа сезона ќе се бори за секое место што води погоре и дека оваа сезона ретко која екипа ќе успее да замине од Тетово со бодови.