,,Бомбер” повикан во селекцијата на Македонија до 19 години

17-годишниот центарфор Марио Станковски кој дојде сезонава во Тетекс на позајмница од редовите на Работнички доби повик од селекторот на У-19, Вујадин Станојковиќ за двете пресметки против Романија. Македонската селекција до 19 години ќе одигра два пријателски натпревари против Романија на 31. август и 2. септември од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Македонија до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната група квалификации за пласман на ЕП кој се организира во Скопје, а противници ќе ни бидат Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.
Да напоменеме дека Станковски уште во првиот настап за Тетекс го постигна својот прв гол и победнички за Тетекс.

На Марио му посакуваме успешни настапи со селекцијата.