Тетекс денеска ги ,,запали моторите” во втората Македонска фудбалска лига – Запад, каде ја забележа првата победа на домашен терен против тимот на Зајази во првото коло од новата сезона со конечен резултат од 3-2.
Првиот гол на Тетекс падна уште во 3-тата минута од натпреварот кога Емир Азири се ослободи од левата страна, и му ја нафрли топката на својот соиграч Шериф Реџепи кој без маки ја смести топката во мрежата на голманот Вулнет Ислами. Нашето ново засилување Иво Јанакиевски во 10-тата минута имаше перфектна шанса да го зголеми резултатот, но пречката ги спаси гостите. Потоа следеше шок за навивачите на ,,штофарите” кој никој не го очекуваше, одбраната невнимателно остави противникот да го израмни резултатот на 1-1 во 27-тата минута преку Шќиприм Руфати. По израмнувањето се разбудија нашите фудбалери и се повеќе и повеќе напаѓаа по голот на гостинот со цел да постигнат гол.
Упорноста на фудбалерите на Тетекс вроди со плод и во 45-тата минута повторно нашиот тим дојде во водство од 2-1, а стрелец на погодокот беше извонредниот Филип Јовановски. Во првиот дел имаше две спорни моменти кога судијата мораше да покаже на белата точка за Тетекс, прва фаул над Јовановски во шеснаесникот и втора поради играње со рака од страна на фудбалер на Зајази во казнетиот простор. Во вториот дел поточно во 58-тата минута гостите пак го израмнија резултатот, но овој пат за 2-2 со голот на Дардан Џеладини.
Победничкиот гол на Тетекс за 3-2 го постигна нововлезниот ,,џокер” Марио Станковски кој денес дебитираше во дресот на Тетекс. Пред крајот на натпреварот му беше поништен чист гол на стрелецот Филип Јовановски, по што бурно реагираше тетовската публика. Во игра од клупа влегоја Николовски, Салији и Станковски.
Да напоменеме дека поради репрезентативни настапи следува пауза во ПМФЛ и ВМФЛ и наместо следна недела, второто коло ќе се одигра на 09.09 (сабота), а Тетекс ќе му гостува на Лабуништа во Струга.


1
Мустафи
5
Бафтијари
20
Савевски
4
Најдоски
11
Дервиши
14
Јанакиевски
8
Билбилоски
18
Азири
10
Брњарчевски
17
Ш. Реџепи
19
Ф. Јовановски

сподели ја статијата!

август 27, 2017