Голманот Мустафи ново засилување на Тетекс

Управата на Тетекс најде идеална замена на голманската позиција откако од клубот замина Беким Реџепи и премина во редовите на Шкендија, како негова замена пристигна Саљадин Мустафи од Ренова и од денеска официјално е нов член на Тетекс. Се работи за 24-годишен квалитетен голман роден во Тетово, и потекнува токму од фудбалската школа на Ренова, каде што минал 12 години. Да напоменеме дека новиот чувар на Тетекс има и интернационално искуство со Ренова во Лигата на европа, каде бранел за ,,гипсарите” во двомечот против молдавска Дачија.
Мустафи цела недела тренира со тимот на игралиштето на АМС „Спортски центар“ во градот под шара.
Претходно ,,штофарите” ги ангажираа Мирослав Јованоски од Брегалница, Меритон Салији од Ренова, Иво Јанакиевски од Металург и двајца повратници во клубот Даниел Трпески од ФК Скопје и Енис Дервиши од Работнички.

На новиот голман му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.