Вести, Трансфер

Марио Станковски ќе напаѓа за Тетекс

Нашиот клуб успеа да доведе голем ,,бисер” во своите редови, станува збор за 17-годишниот центарфор Марио Станковски познат како Бомбер кој доаѓа на позајмница од Работнички во ФК Тетекс, а во петок ќе се приклучи на нашиот тим и ќе го одработи официјално првиот тренинг. Младиот голгетер предходна сезона постигна неверојатни 40 голови за младинците и убедливо беше најдобар стрелец, тој веќе има искуство со настапи во сениорска конкуренција на ,,дебармалци” каде што има настапено во ПМФЛ на три натпревари и има одиграно вкупно 124 минити, исто така можеме да кажеме дека има и интернационално искуство во Лигата на европа каде има одиграно 17 минути, воедно е и актуелен репрезентативец на селекцијата до 19 години на Македонија.

На Станковски му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим и што повеќе голови да постигне.