Тетекс изгуби во последниот пријателски натпревар пред првенствените натпревари против Локомотива убедливо со 3-0. Тетекс уште во првата минута се закани по голот на домаќинот, кога по една нафрлена топка од Енис Дервиши од околу 20 метри во шеснаесникот беше фаулиран капитенот Марјан Билбилоски од голманот на Локомотива, но линискиот судија го дигна знаменцето по што главниот судија веднаш досуди офсајд. Казната дојде во 8-мата минута кога по една изгубена топка на Шериф Реџепи домаќините ја искористија шансата и погодија за 1-0. Нашите фудбалерите во првиот дел имаа неколку добри шанси да го израмнат резултатот, нo резултатот остана непроменлив. Во вториот дел поточно во 48-та минута по една нафрлена топка од корнер во шанса за гол се најде Дино Најдоски кој биеше со глава која голманот на домаќините ја одбрани. Филип Јовановски во 55-тата минута доби идеална топка во противничкиот простор каде излезе сам очи во очи со голманот на Локомотива наместо да ја затресе мрежата без крајни напори истиот ја шутна топката преку голот. Домаќините во 64-тата минута по една грешка на одбраната го зголеми водството на 2-0, шест минути подоцна поточно во 70-тата повторно невнимание на нашата одбрана постигна гол Локомотива за 3-0.
При крајот на натпреварот поточно во 85-тата минута поради неспортско однесување фудбалерот на Тетекс Фатон Реџепи се здоби со директен црвен картон.
Следната недела и официјално започнува пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига каде на домашен терен пред својата публика од 16 часот и 30 минути ќе го дочекаме тимот на Зајази од Кичево.
 


12
Панчевски
5
Бафтијари
14
Здравковски
4
Најдоски
11
Дервиши
8
Билбилоски
9
Јанакиевски
18
Азири
10
Брњарчевски
17
Ш. Реџепи
19
Ф. Јовановски

Уште играа:
Фејзули
Николовски, Савевски, Ф. Реџепи
Салији, Џелили, Тасос
Д. Трпески, Фетиши, Петровски

сподели ја статијата!

август 20, 2017