Најава за пријателскиот натпревар со ФК Локомотива

Утре (сабота) Тетекс со почеток во 17 часот и 30 минути во Скопје игра нов контролен натпревар во летните подготовки за престојната натпреварувачка сезона 2017/18. Утре за противник ја имаме екипата на Локомотива тим кој што се врати во втората лига, од друга страна пак нашиот Тетекс далеку поконсолидиран од лани и започнат навреме со подготовки верува и ветува дека оваа година ќе “блесне” во право светло, избраниците на Ивица-Ике Јованоски ќе имаат прав испит една недела пред почеток на првенството да прикажат добро игра против Локомотива.
Само да напоменеме дека ,,Штофарите” веќе одиграа четири контролни натпревари каде што забележа една победа против младинците на Работнички со 2-3 и три порази од ФК Гостивар 1-0, Македонија Ѓ.П 3-2 и косовска Лирија 0-2 но и покрај резултатите Тетекс прикажа одлична игра на сите четири натпревари каде што настапија и многу фудбалери од младинската школа, што се однесува за тимот кој ќе настапи утре шефот на стручниот штаб нема да може да смета на Ирфан Абази, Даниел Јовановски и Мирослав Јованоски поради повреди. Тетекс успешно со победа од 2-1 против Хоризонт од Турново во среда стартуваше во првиот официјален натпревар оваа сезона во купот на Македонија и се пласираше во осминафиналето.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.