Во првиот официјален натпревар сезонава, Тетекс ја забележа првата победа во Купот на Македонија (1/16) со 2-1 пред својата публика во Тетово против тимот на Хоризонт од Турново и се пласира во осминафиналето. Нашиот тим уште од првата минута со офанзивна игра и покажа на тетовската публика што сака, Тетекс дојде во рано водвство од 1-0 откако по една убава акција од левата страна Емир Азири му пушти на капитенот Марјан Билбилоски перфектна топка кој без многу размислување од околу 20-тина метри ја шутна топката во долниот десен агол и ја затресе мрежата на гостите. Тетекс имаше неколку добри шанси во првиот дел за да го зголеми резултатот, но резултатот остана непроменлив.
Хоризонт во 51-та минута го израмни резултатот на 1-1, но минут подоцна Тетекс повторно дојде во водство од 2-1 со голот на талентираниот Филип Јовановски кој без многу напори го совлада голманот на Хоризонт.
Тетекс до крајот на натпреварот имаше неколку 100% шанси за гол, но гостите кој ја бараа шансата за гол преку контра не дозволи такво нешто. Штофарите во сите 90-тина минути беа подобриот противник и заслужено победи.
Инаку да напоменеме дека на 19.08 (сабота) е договорен пријателски натпревар со новиот второлигаш Локомотива.
 


12
Панчевски
5
Бафтијари
20
Савевски
4
Најдоски
11
Дервиши
8
Билбилоски
9
Јанакиевски
18
Азири
10
Брњарчевски
17
Ш. Реџепи
19
Ф. Јовановски

Уште играа:
(6) Николовски, (16) Салији, (23) Д. Трпески

сподели ја статијата!

август 16, 2017