Најава

Тетекс утре против Хоризонт во 1/16 фин. од Купот

Утре (среда) со почеток во 17 часот на игралиштето на АМС „Спортски центар“ во Тетово, Тетекс ќе го пречека Хоризонт од Турново, овој пат во рамките е првиот натпревар од 1/16 од Купот на Македонија. Штофарите според квалитетот на играчкиот кадар влегуваат како фаворит, од друга страна пак Тетекс нема преголеми амбиции преку Купот, туку главните амбиции на клубот пред почетокот на новата сезона се јасни, клубот да биде стабилен на финансиски план и изкачување негде кон средината на табелата во Втората македонска фудбалска лига Запад. Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Иванов од Велес. Шефот на стручниот штаб на Тетекс Ивица-Ике Јованоски поради повреда нема да може да смета на следните фудбалери Даниел Јовановски, Ирфан Абази и Мики Јованоски, од друга страна право за настап имаат новите засилувања Меритон Салији и Иво Јанакиевски. Исто така во комбинација за утрешниот натпревар ќе бидат и повратниците Енис Дервиши од Работнички и Даниел Трпески од ФК Скопје.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

Ја повикуваме нашата публика да дојде во што поголел број и да даде поддршка на нашиот тим да го добие овој натпревар. Воедно, апелираме до сите оние кои што ќе бидат утре на трибините за фер и коректно навивање, само така можеме да му помогнеме на Тетекс да дојде до посакуваната цел.