Тетекс го ангажираше Меритон Салији

Од денеска и официјално Меритон Салији е нов фудбалер на Тетекс кој доаѓа како слободен играч од Ренова. Се работи за млад талентиран 21-годишен фудбалер кој потекнува токму од фудбалската школа на Тетекс и има играно за нашите пионери, кадети и дел за младинците. Салији игра во средниот ред поточно како задни везни, бил и дел од првиот тим на Ренова, во секој случај овој млад фудбалер ќе биде засилување и конкуренција во нашиот тим.

На Салији му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.