Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за првото коло од Втората македонска фудбалска лига (Запад) и Куп на Македонија 1/16. Тетекс новиот шампионат 2017/18 ќе го стартува против Зајази на домашен терен во Тетово, од друга страна во купот за противник го добивме Хоризонт од Турново.
Првиот официјален натпревар (Куп) оваа сезона ќе го отвориме на домашен терен со Хоризонт на 17-ти август со почеток во 17 часот, потоа следува и првиот првенствен натпревар во новата сезона со Зајази на 27-ми август со почеток во 16 часот и 30 минути.

Тука е прикачен распоредот од ВМФЛ Запад 2017/18

сподели ја статијата!

август 7, 2017