Несреќниот пораз на Тетекс од ФК Гостивар

Фудбалерите на Тетекс го претрпеа и вториот пораз по ред во овој подготвителен дел пред почеток на новата сезона откако денеска загубија со 1-0 од ФК Гостивар. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Башким Љама во 20-тата минута. Голот беше речиси постигнат од фаул бидејќи во шеснаесетникот беше нокаутиран нашиот дефанзивец Нинослав Здравковски пред очите на судијата кој требаше да го понишити голот. Здравковски за жал неможеше да го продолжи натпреварот поради повреда и беше веднаш изнесен од теренот и на неговото место влезе Енсар Бафтијари.
Тетекс имаше неколку шанси во првиот дел да го израмни резултатот но голманот на гостиварчаните не дозволи да му се затресе мрежата. Во вториот дел нашите фудбалери го подигнаа темпото на играта и создаваа шанси за гол, но мрежите мируваа на двете страни и натпреварот заврши 1-0.
 


Панчевски
Савевски
Здравковски
Најдоски
Дервиши
Јанакиевски
Билбилоски
Азири
Брњарчевски
Ш. Реџепи
Ф. Јовановски

Уште играа:
Хавзиу, Д. Трпески, Николовски
Тасос, Ф. Реџепи, Џелили,
Бафтијари, Петровски, Фетиши