Најава

Тетекс утре игра пријателска со Гостивар

Утре со почеток во 17 часот Тетекс гостува во Гостивар каде што ќе одигра пријателски натпревар со тимот на ФК Гостивар. Тетекс во овој подготвителен дел пред почеток на новата сезона има играно неколку контролни натпревари поточно три од кој забележи една победа против Работнички (младинци) 2-3 и два порази против косовска Лирија 0-2 и Македонија Ѓ.П 3-2.
Шефот на стручниот штаб на Тетекс Ивица-Ике Јованоски поради повреда нема да може да смета на следните фудбалери Даниел-Шиш Јовановски, Ирфан Абази и Иво Јанакиевски (неивесен), од друга страна повторно во тимот се враќа Блашко Николовски. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.