Тетекс забележа пораз од 3-2 против Македонија Ѓ.П на пријателскиот натпревар одигран во скопската населба, Ѓорче Петров. Поради топлото време натпреварот наместо во 17 часот и 30 минути започна дури 35 минути подоцна, односно во 18 часот.
Нашиот тим губеше на полувремето со 1-0, но драстично ја подобри играта во вториот дел и заслужено го сврте резултатот, до 80-тата минута имавме водсвтво од 1-2 но пред крајот на натпреварот неискуството на младите сили на Тетекс си го стори своето и загубивме со 3-2. Тетекс израмни на 1-1 во 58-та минута, додека Игор Савевски го направи пресвртот во 63-тата минута од пенал. Домаќините израмнија во 80-тата минута, а победничкиот гол „лавовите“ го постигнаја во 83-тата минута.
Тетекс следната контрола ја играат во понеделник (07.08) кога се среќаваат со ФК Гостивар на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 17 часот.
 

Тетекс

Панчевски
Азири
Савевски
Најдоски
Бафтијари
Билбилоски
Фетиши
Ф. Јовановски
Брњарчевски
Ш. Реџепи
Јанакиевски

Уште играа:
Хавзиу, Дервиши, Белули
Тасос, А. Трпевски, Здравковски
Аризанковски, Ф. Реџепи, Џелили
Д. Трпески

сподели ја статијата!

август 3, 2017