Тетекс на „тест“ против Македонија Ѓ.П

Утре нашата гордост Тетекс ќе го одиграа третиот контролен натпревар на летните подготовки во пресрет на есенскиот дел од новата сезона. Утре со почеток во 17 часот и 30 минути во скопската населба Ѓорче Петров нашиот Тетекс ќе одигра пријателски натпревар со Македонија Ѓ.П.
Само за потсетување Тетекс веќе одигра два пријателски натпревари против прволигашот од Косово Лирија каде што забележа пораз од 0-2 и со младинците на Работнички каде бевме подобри и победивме со 2-3. Стручниот штаб и на овој натпревар ќе им даде можност за настап на поголем број фудбалери, со цел да ја провери и да ја темпира нивната форма за првиот дел од новата сезона. Од друга страна моментално на подготовките на проба се наоѓа голман на младинците на Шкендија, Бурим Хавзиу.