Дервиши се врати во Тетекс

Енис Дервиши повторно ќе го облече дресот на Тетекс. Десниот бек пред неполни два месеци потпиша две годишен договор со прволигашот Работнички од Скопје, но некој работи не беа по вкусот на младиот фудбалер кој бараше повеќе минутажа во тимот, затоа Дервиши седна на маса со челниците на клубот и ги информираше дека сака да се врати да игра за Тетекс каде што ќе има повеќе минутажа со што управата на Работнички му даде зелено светло, по што двете страни спогодбено го раскинаа договорот.
Дервиши денес ќе им се приклучи на соиграчите на игралиштето на АМС „Спортски центар“ во Тетово од 18 часот и 30 минути.