Нашата гордост Тетекс денеска на стадионот во Драчево (скопска населба) го одиграа и вториот пријателски натпревар. Тетекс го победи тимот на Работнички (младинци) со 2-3. Штофарите први стигнаа до водство во 27-та минута од натпреварот со гол на капитенот Марјан Билбилоски од слободен удар за само една минута подоцна истиот фудбалер да зголеми на 0-2 со прекрасен гол. Младите фудбалери на Работнички во 29-тата минута го намали резултатот на 1-2. Нашиот тим го зголеми резултатот на 1-3 во 34-тата минута од пенал преку Игор Савевски кој прецизно шутираше во долниот десен агол.
Во вториот дел Работнички успеа да ја превзеде играта на теренот и во 58-та минута да го намали резултатот за конечни 2-3.
 

Тетекс

Панчевски
Бафтијари
Савевски
Најдоски
Џелили
Фетиши
Билбилоски
Д. Трпески
Јанакиевски
Тасос
Ф. Јовановски

Уште играа:
Азири, Ш. Реџепи, А. Трпевски
Здравковски, Д. Јовановски, Ф. Реџепи,
Аризанковски

сподели ја статијата!

јули 28, 2017