Втората контрола на Тетекс со младинците на Работнички

По поразот во понеделник против косовска Лирија со резултат од 0-2, тимот на Тетекс продолжува со обработување на планираната програма за подготовки на шефот на стручниот штаб Ивица-Ике Јованоски. Утре нашата гордост Тетекс, со почеток во 18 часот, ќе одигра пријателски натпревар со младинците на Работнички во скопска населба Драчево. Стручниот штаб и на овој натпревар ќе им даде можност за настап на поголем број фудбалери, со цел да ја провери и да ја темпира нивната форма за пролетниот дел од новата сезона.