Вести, Извештај

Тетекс подклекна во финишот

Денеска од 18 часот на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид Тетекс го одигра првиот пријателски натпревар ова лето со прволигашот од Косово, Лирија. Натпреварот го загуби Тетекс со 0-2 а головите паднаа во 85тата Стефан Кочев односно 91вата минута Меритон Кореница кога веќе на теренот беше и голем дел од младинската школа на Тетекс. Ова е прв пријателски натпревар на Тетекс ова лето по само една недела тренинзи на физички план што значи тактичко – техничкиот дел од тренинзите и воигрувањето на тимот допрва треба да вроди со плод. Во наредниот период ќе има уште контролни натпревари, со повеќе инфо наскоро.
 

Тетекс

Панчевски
Бафтијари
Д. Јовановски
Најдоски
Здравковски
Јанакиевски
Абази
Азири
Брњарчевски
Ш. Реџепи
Билбилоски

Уште играа:
Ф. Јовановски, Савевски, Ф. Реџепи
Фетиши, Аризанковски, Белули
Тасос, Д. Трпески, А. Трпевски
Џелили, Петровски