Трпески пак ќе го облече дресот на Тетекс

По една сезона помината во редовите на ФК Скопје, Даниел Трпески повторно се врати во својот матичен клуб Тетекс. Се работи за 18-годишен перспективен талент кој игра во нападот поточно како шпиц, потекнува од фудбалската школа на Тетекс и има настапувано за пионерите, кадетите и младинците. За овој млад фудбалер има многу пофални зборој и му преостанува светла иднина доколку продолжи да работи на себе нема да има препреки да стане добар фудбалер. Да напоменеме дека Трпески тренира веќе од првиот ден од подготовките за новата сезона со првиот тим на Тетекс и најверојатно ќе биде во комбинација за пријателскиот натпревар со прволигашот Лирија од Косово, кој е закажан за 24 јули (утре) со почеток во 18 часот.