Косовска Лирија прва контролка за Тетекс во летните подготовки

Косовскиот прволигаш Лирија од Призрен е првиот противник на Тетекс на пријателските натпревари на подготовките за новата сезона. Натпреварот ќе се игра на 24 јули (понеделник) со почеток во 18 часот, на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид. Лирија е екипа која што во првенството на Косово заврши како осмопласиран тим со 10 победи, седум нерешени средби и 16 порази, освојувајќи на крајот 37 поени. Во редовите на Лирија игра Бурхан Алији некогашен фудбалер на Тетекс кој настапуваше за нашиот тим во 2010 до 2012 година.