Иво Јанакиевски го засили Тетекс

Стандардниот првотимец и капитен во Металург, Иво Јанакиевски од денеска официјално е нов член на Тетекс.
Јанакиевски кој има само 24 години претставува второто засилување за нашиот сениорски тим. Овој фудбалер кој потекнува од фудбалската школа на Македонија Ѓ.П игра во средниот ред. Тој има играно за неговиот матичен клуб од Ѓорче Петров, потоа за Борец, Љубанци, Тиквеш. Да напоменеме дека новиот фудбалер денес го одработи и првиот тренинг за Тетекс.

На Јанакиевски му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.